Top Sport

„Циркус, Кирјос се однесува како десет годишно момче“

Мајкл Венус, специјалист за игра во двојки, бил лут на начинот на ко Ник Кирјос се однесувал во текот на вчерашното четврт-финалет на Австралија опен. Венус и неговиот партнер Тим Пуц, испаднаа од Кирјос и Танасис Кокинакис со 1:2 (5/7, 6/3, 3/6).

Кирјос, во текот на целиот меч, демонстрираше дека е шоумен. Впечатлив е моментот кога со топче погоди едно момче на трибините. Кога забележа дека момчето плаче, му го подари рекетот.

„Тоа беше циркус, а не натпревар во тенис“, рекол тенисерот од Нов Зеланд.

„Помеѓу првиот и вториот сервис тие ја тераа публиката да навива. Мислам дека тоа не е во ред. Знаете доколку ситуацијата беше поинаква Кирјос ќе се налутеше. Го погоди момчето, а само поради тоа што му подари рекет луѓето зборуваат дека тој е добар лик“.

На Венус не му се допаднало однесувањето на контроверзниот Кирјос.

„Јасно е зошто никогаш не го исполни својот потенцијал и зошто тоа никогаш нема да го направи. Ќе кажам дека однесувањето му е не ниво на десет годишник“. На тоа ниво е.“

Кирјос и Кокинакис, за пласман во финалето, ќе се борат против третите носители, Шпанците Гранољес и Себаљос.

Scroll to Top