Жо-Вилфрид Цонга продолжи да покажува одлични игри во финишот на тениската сезона, откако го совлада Александер Зверев за пласман во полуфиналето на Виена опен.
Цонга се постави во позиција да освои втора титула едноподруго, откако со 7:6(6)/6:2 го совлада Зверев, за да добие уште еден дуел со Германец, ветеранот Филип Колшрајбер, кој со 7:5/7:6(6) го победи Аргентинецот Диего Шварцман.
Цонга имаше 10 аса и направи четири брејка за да остане во игра за пласман на АТП финалето во Лондон, каде што Зверев веќе е квалификуван. Цонга има 19-2 скор на индорс подлога оваа сезона.
И во второто полуфинале ќе има Французин – Лукас Пуј, кој со 7:6(5)/6:1 го совлада својот сонародник Ришар Гаске, за дуел со Британецот Кајл Едмунд, кој стигна до првото полуфинале на АТП 500 турнир со 6:2/7:5 победа над Јан-Ленард Штруф.
Tsonga too good ?@tsonga7 beats Sascha Zverev 7-6(6) 6-2 to move into Vienna last four.#erstebankopen pic.twitter.com/rWgXfStBLz
— Tennis TV (@TennisTV) October 27, 2017