Ник Кирјос и Жо-Вилфред Цонга водеа голема борба за пласман во осмина-финалето на Австралија опен. На задоволство на домашната публика, по три часа и 21 минута голема борба, победата ја однесе Кирјос (7:6, 4:6, 7:6, 7:6).
Публиката на „Род Лејвер“ стадионот уживаше во атрактивните потези на двацата тенисери, а дополнителна забава гледачите добија и од познатиот холивудски актер Вил Смит.
Сепак, мечот мина во знакот на инцидентот кој се случи на почетокот на четвртиот сет. Откако Цонга го доби првиот гем тој се упати кон судијата Џејк Гарднер и со лута гестикулација бараше нешто од него.
Видно вознемирен Цонга бил лут на сталните доврлувања од еден навивач на Кирјос. Цонга цело време покажуваше кон него, а потоа му рече на судијата.
„Донесете го овде и ќе го искршам. Ми кажа нешто, а јас ќе го правам она што го сакам“, бесееше Цонга додека судијата се обидуваше да го смири.
На крајот судијата го предупреди навивачот на однесувањето и му се закани дека ќе биде отстранет од трибините.