Top Sport

Credissimo за еден ден успеа да собере 60.000 денари за лицата со Даунов синдром

Финтек компанијата нa забавен и уникатен начин ги мотивираше своите следбеници на социјалните мрежи да направат хумано дело!

По повод Светскиот ден на лицата со Даунов синдром, финтек компанијата Credissimo, која веќе ја препознаваме како општествено одговорна компанија, уште еднаш ја докажа својата посветеност и грижливост, донирајќи финансиски средства во вредност од 60.000 денари на Здружението на граѓани за помош и поддршка на лицата со Даунов синдром ТРИСОМИЈА 21 Скопје.

Акумулираниот износ беше собран во заедничка соработка со следбениците на Credissimo на социјалните мрежи Facebook и Instagram. Компанијата одбележувајќи го Светскиот ден на лицата со Даунов Ссиндром, на социјалните мрежи објави пост со кој ги повика своите фанови да се приклучат на хуманитарната акција, пишувајќи коментар со портокалово или сино срце. За секој коментар, Credissimo донираше по 50 денари, а вкупната сума која беше собрана и ќе биде донирана на здружението ТРИСОМИЈА 21 Скопје, е 60.000 денари.

Credissimo уште еднаш покажа како на забавен начин може да се направи хумано дело со кое ќе се предизвика искрена насмевка. Одговорниот однос кон најмладата популација, особено онаа од ранливата категорија, значи превземање на чекор напред во грижата за прифаќањето на различностите и подобрата иднина за целото општество.

Scroll to Top