Васо „Психопата“ Бакочевиќ е најпознатиот црногорски ММА борач и во својот јубилеен 50. Меч во Карлсруе, Германија имаше спектакуларен нокаут по само шест секунди против Башир Гирјанов.
По победата, Бакочевиќ директно се обрати кон својот следен противник, Бугаринот Живко Стоименов, со кого ќе влезе во рингот за еден месец.
„Победа со нокаут за шест-седум секунди. Благодарам на сите и се надевам дека противникот не е повреден. 26 април, Мегдан… Стоименов ти си мртов човек, запамети го тоа“, изјави Бакочевиќ.