АТП изминатиов период има проблеми со однесувањето на тенисерите. Казните се благи, поради што поединци си дозволуваат да дивеат на теренот. Последен кој предизвика инцидент и не доби соодветна казна е Американецот, Џенсон Бруксби. Претходно дивјачки на теренот се однесуваа Александар Зверев и Ник Кирјос.
Скандалозно беше и одлуката на судијата, Карлос Бернардес, да го казни Бруксби само со одземање на поен, а притоа не го праша момчето дали се е во ред.
„Сериозно, што треба да се случи за некој да биде дисквалификуван. Треба ли да падне крв на теренот? Ова е апсурд“, рекол поранешниот селектор на САД, Патрик Мекинро.
Противникот на Бруксби, Аргентинецот Фернандо Корија, во моментот кога се случи инцидентот побара Американецот да добие дисквалификација.
„Мислам дека требаше да биде дисквалификуван. Такви се правилата. Кога некој на теренот е погоден, независно од силината, треба да биде исфрлен од мечот и турнирот. Покрај тоа тој веќе го фрлаше рекетот во првиот сет“, рекол Корија.
На констатација на новинарот дека Бруксби не бил дисквалификуван бидејќи е Американец, а турнирот се игра во САД, Корија со насмевка одговорил:
„Јас да го направев тоа или некој друг „латино“ ќе го исфрлеа на три месеци“.
Бруксби го победи Корија со 2:1 и во второто коло ќе игра против Николоз Басилашвили.