Top Sport

„Дали Ѓоковиќ е премногу добар или ова е ера на слабите?“

Новак Ѓоковиќ и на 36 години доминира во светскиот тенис, годината ја заврши на најдобар можен начин, освојувајќи го завршниот турнир во Торино и прво место на АТП листата.

Новак во моментов практично нема достојна конкуренција иако противниците се 15 години помлади од него.

Порталот „Ние сме тенис“ на своите следбеници им го постави прашањето „Дали Новак навистина е толку добар или ова е ера на слаби (играчи)?“. Ова се некои од одговорите:

„Кога 20-годишник е практично единствениот кој успеал да го предизвика Новак оваа година, тогаш ова навистина треба да се смета за ера на аутсајдери“.

„Ако Алкараз, Синер и Медведев ги нарекувате слаби, тогаш не знам што да ви кажам. Алкараз и Синер ќе ја завршат кариерата како тениски великани. Ѓоковиќ е премногу добар за нив“.

„Синер, Алкараз и Медведев се ера на слабите? Како би поминал Новак против Хјуит, Ферер и Родик?“

„Ѓоковиќ е сè уште силен, без разлика на годините, но оваа генерација е послаба од претходните.“

„Комбинација од двете. Лесно е да се изгуби мотивацијата кога сте освоиле сè. Не е така со Новак. Сепак, неговите противници го немаат тој оган во себе“.

Scroll to Top