Top Sport

Давиденко: Федерер ми ја уништи кариерата

Николај Давиденко, поранешниот светски тенисер број 3, се пожали дека една од причините поради кои немал подобра кариера е едноставна и се вика Роџер Федерер.

Во 21 меѓусебни мечеви, Русинот само двапати го победи Федерер – на АТП финалето во 2009 и на Доха опен во 2010 година. Во интервју со „Спорт-експрес“, 38-годишниот Русин кој се повлече од тенисот во октомври 2014 година вели дека Швајцарецот имал огромно влијание на кариерата.

„Мојата кариера беше сопрена од Роџер Федерер. Тој беше единствениот кој постојано ме победуваше на сите главни турнири, во четврт-финалиња и полуфиналиња. Тоа беше неговата ера, во одреден дел од годините тој беше непобедлив. Со таа брза, кратка и лесна игра. Секогаш сакаше да ги скрати мечевите за да не си направи проблеми. И сега е исто толку фокусиран. Колку може уште да игра? Уште 100 години! Но, кога мечевите се долги се гледа заморот, посебно против Надал и Ѓоковиќ. Некој 20-годишник е физички посилен од него, но стравот го прави своето“, вели Давиденко.

Scroll to Top