Top Sport

Де Марки во болница по тешкиот пад на Тур де Франс

Италијанецот Алесандро де Марки беше однесен во болница по сериозниот пад во првите километри на неделната деветта етапа на Тур де Франс, потврдија од неговиот ЦЦЦ тим.

„Можеме да потврдиме дека Алесандро беше целосно свесен по падот. Тој има длабоки исеченици на лицето и ќе биде однесен во болница за да се утврди дали има некои фрактури“, се вели во сопштението на тимот.

33-годишниот Де Марки, кој има три етапни победи од Вуелта Еспања, доби медицинска помош од организаторите на трката по падот по осум километри од етапата, пред со амбуланта да биде однесен во болница.

Scroll to Top