Top Sport

Деби со нокаут во ММА на братот, на српската НБА ѕвезда

Немања Јокиќ, еден од тројцата браќа Јокиќ, од кои најпознат е кошаркарот на Денвер Нагетс, Никола, синоќа успешно дебитирал во ММА. Својата прва борба братот на НБА ѕвездата ја завршил со технички нокаут во првата рунда.

Интересно е што Немања Јокиќч решил на 32-годишна возраст да дебитира во овој опасен спорт.

Браќата од Сомбор, на американската јавност и станаа интересни, минатата сезона кога постарите браќа му беа гости на Денвер Нагетс, екипа чии дрес со голем успех го носи Никола Јокиќ.

Токму кошаркарот го имал најинтересниот коментар по борбата во која победа извојувал неговиот брат.

„Го нокаутирав веднаш што си дојде дома“, рекол Никола Јокиќ.

Инаку, НБА сезоната започнува на 16.октомври, а Денвер ден подоцна ќе игра против ЛА Клиперс.

Scroll to Top