Top Sport

Деби титула за Медведев, Мертенс ја одбрани титулата

Во „најмладото“ финале на АТП турнејата од дуелот Рафаел Надал-Новак Ѓоковиќ во Индијан Велс во 2007 година, Русинот Данил Медведев го победи Австралиецот Алекс де Минаур со 1:6/6:4/7:5 за да ја освои првата титула во кариерата.

По битката од 2 часа и 13 минути, Русинот успеа да го издржи кам-бекот на домашниот фаворит во второто финале во кариерата (по Ченаи 2016). 21-годишниот Медведев е четвртиот квалификант со трофејот во Сиднеј од 2013 година, добивајќи 250 АТП поени и 83.650 долари за победата. Де Минаур беше домашна сензација на турнирот и го играше своето прво АТП финале.

Во Хобарт пак, актуелната шампионка, Белгијката Елизе Мертенс стана првата тенисерка која ја одбранила титулата , победувајќи ја Романката Михаела Бузарнеску со 6:1/4:6/6:3.

Маратонот од два и пол часа беше комплетиран во седум часа поради постојаните одложувања поради дождот, но на крајот Мертенс си заминува со втората титула во кариерата од Тасманија.

Scroll to Top