Германката Карина Витхефт ја победи олимписката шампионка од Порторико, Моника Пуиг со 6:3/7:5 во финалето на Луксембург опен за прва титула во својата кариера.
Со одличен сервис во текот на целиот меч, на Витхефт и беа потребни час и половина за да ја сопре Пуиг и да ја комплетира одличната недела. 22-годишната Германка прво ја победи осмата носителка Варвара Лепченко, а во полуфиналето втората носителка, Кики Бертенс.
Оваа година младата Германка имаше пораз во полуфинето во Будимпешта и играше во три четвртфиналиња, но сега ја завршува сезоната со прва титула во кариерата.