Top Sport

Деби ВТА титула за Каролина Мучова

Чехинката Каролина Мучова ја декласираше четвртата носителка, Полјачката Магда Линете со 6:1/6:1 во финалето на Корејскиот опен во Сеул за да ја освои својата прва ВТА титула во кариерата.

Светската тенисерка број 45., Мучова, ја игра својата најдобра сезона во кариерата, откако играше и во финалето во Прага, освои 90 отсто од поените на прв сервис и не се соочи со ниту еден брејк поен на патот до победата. 23-годишната Чехинка, која ја совлада својата пославна сонародничка Каролина Плишкова на патот до четврт-финалето на Вимблдон, ги искористи седумте двојни грешки на Линете.

За Мучова ова е слатка одмазда, откако Линете ја победи во единствениот претходен меѓусебен меч во четврт-финалето во Бронкс, каде што ја освои првата титула.

Scroll to Top