Роџер Федерер во неделата по седми пат беше прогласен за најдобар швајцарски спортист, победувајќи ги крос-кантри велосипедистот Нино Ширтер и алпскиот скијач Беат Фојц, но најсуровата оценка дојде од неговите деца.
Федерер доби 36.88 отсто од гласовите за сезоната во која освои две гренд слем титули и покрај неговите 36 години, уште шест други титули за вкупно во кариерата да дојде до 95 титули во сингл и 19 гренд слема. Но, иако го победи Рафа Надал четири пати оваа година, токму Надал остана број 1 за 2018 година. Тој факт го знаат и неговите деца.
„По вечерата, моите деца ме прашаа каде одам. Им кажав дека треба да одам на гала вечера бидејќи освоив награда. Тие едноставно ме прашаа: ‘Па, нели, Рафа е број 1’“, открива Федерер.
Федерер има два пара близнаци – осумгодишните Мајла Роуз и Шарлин Рива и тригодишните Лео и Лени, кои очигледно ја следат кариерата на својот славен татко.