Top Sport

Дејан Георгиевски најдобар на Г1 турнирот за таеквондо во Скопје

Сребрениот олимпиец постигна нов успех! Дејан Георгиевски го освои златниот медал на големиот Г1 турнир што се одржува во Скопје.

Тој се натпреваруваше во финалето со Германецот Куцуесунхур. Водеше 2-0, а во втората рунда неговиот противник ја предаде борбата.

Г1 турнирот се бодува за олимписка норма, што на Георгиевски му го отвора патот за учество на следните Летните Олимписки игри во Лос Анџелес.

Scroll to Top