Top Sport

Дејна Вајт: Да ги пратам УФЦ борците да ги средат немирите?

Претседателот на УФЦ, Дејна Вајт можеби е во отворен конфликт со двократниот УФЦ шампион Џон Џонс околу парите кои ги сака „Боунс“ за својот следен меч, но го поддржува во борбата против насилните протести кои ги фрлија во сенка протестите по смртта на Џорџ Флојд.

Вајт, кој инаку е близок пријател и голем поддржувач на американскиот претседател Доналд Трамп, зборуваше за немирите во САД по смртта на Флојд.

„Тоа е како кога сакав да организирам мечеви за време на пандемијата. Дали требаше да ги извадам сите 350 вработени на улица и да одиме по улица и да викаме: ’Сакаме да се бориме’? Но, не го направивме тоа. Ја кажавме нашата приказна и работевме со политичарите. Можеби сега треба да ги пратам УФЦ фајтерите на улиците да го сопрат ова срање? Го видовте ли Џонс како шеташе на улиците на Албекерки? Земајќи ги спрејовите од нивните раце? “, вели Вајт.

 

Scroll to Top