Top Sport

Дејна Вајт не прифаќа не за одговор – ќе го убедува Хабиб да се врати

Шефот на УФЦ, Дејна Вајт не е откажува од идејата да го врати шампионот во лесна категорија, Хабиб Нурмагомедов во октагонот, откривајќи дека наскоро ќе се сретне со фајтерот за да разговараат за иднината.

Хабиб неодамна повтори дека останува во пензија, откривајќи планови за продолжување на студиите по економија, но и за враќање на поедноставен живот како фармер и одгледувач на овци. Вајт, пак, инсистира дека пензионирањето на Хабиб е „краткотрајно“ и дека се работи за емотивна, а не логична одлука.

По УФЦ 255 во Лас Вегас во саботата навечер, Вајт повтори дека очекува „Орелот“ да се врати.

„Му давам време на Хабиб да размисли убаво, по што јас и тој наскоро ќе се сретнеме и ќе разговараме. Ништо не е готово“, изјави Вајт.

Тој потврди дека Хабиб останува шампион во лесна категорија и дека мечот Конор Мекгрегор-Дастин Поаире во јануари нема да биде за титулата.

Хабиб не се враќа, ќе се посвети на студиите и на овците!

Scroll to Top