Аргентинскиот тенисер Хуан Мартин дел Потро вели дека е подготвен за уште еден кам-бек во светот на тенисот, по уште една повреда која подолго време го заддржа од тенисот.
30-годишниот поранешен шампион од САД опен нема играно од Мастерсот во Шангај во ноември кога го повреди коленото во меч од третото коло, но сега веќе има закажано враќање на Делреј Бич опен од 18 февруари.
„Секако, ќе биде компликувано, прв турнир по долга пауза, но повторно одам чекор по чекор. Лани го остварив зенитот, третото место на АТП листата и успеав да најдам постојаност која претходно ми недостасуваше и ќе биде тешко да се вратам на тоа ниво. Доволно сум искусен со вакви ситуации“, вели Дел Потро, кој од февруари до март ќе има 1.860 АТП поени за враќање по ланските титули во Акапулко и Индијан Велс и полуфиналето во Мајами.
Фото: ЕПА