Во еден ден, во четвртфиналето на Мастерс турнирот во Шангај елиминирани се дури три фаворити.
Серијата ја започна Ѓоковиќ, па Федерер, а предмалку настапуте во Шангај завршија и за петтиот на АТП листата, Австриецот Доминик Тим.
Него во чевртфиналето го елиминираше младиот Италијанец Матео Беретини, кој е 13-ти на АТП скалата.
Мечот меѓу Беретини и Тим кој траеше помалку од 2 часа му припадна на Италијанецот со 2-0 (по сетови 7-6 и 6-4).
Во првиот сет се играше израмнето, ниеден од тенисерите не успеа да направи брејк. За нијанса поконцентриран во тај-брејкот беше Беретини за водство од 1-0.
Во вториот сет беше израмнето се до 3-3. Тогаш Беретини успеа да направи брејк кој му беше доволен за победа која го нси на полуфинална пресметка со германскиот тенисер, Александер Зверев.
Во второто полуфинале утре во Шангај силите ќе ги одмерат Гркот Циципас и Русинот Медведев.
Куриозитет е што ниту еден од тенисерите кои стигнаа во полуфиналето во Шангај нема ниту 24 години.