Top Sport

Денес се жени Рафа Надал

Еден од најдобрите тенисери во историјата Рафаел Надал денес ќе стапи во брак со својата долгогодишна девојка Чиска Марија Франсиска Перел. Свадбата ќе се одржи на брегот на Поленса на северо-истокот на Мајорка. Ова место чии сопственик е лордот Луптон го нарекуваат „рај на Земјата“.

Надал венчавката ја планирал и организира со месеци наназад, а на почетокот кажа дека нема да биде дозволено фотографирање.

На свадбата се поканети 350 гости, а меѓу нив ќе има и славни фаци од светот на спортот. Од тенисерите ќе бидат присутни неговиот тренер Карлос Моја и колегите од репрезентацијата Фернандо Вердаско, Фелисијано Лопез и Марк Лопез.

На венчавката ќе присуствувал и кралот Хан Карлос чие доаѓање е најавено со хеликоптер.

Од познатите фаци на свадбата немало да присуствуваат Кристијано Роналдо и Роџер Федерер. Португалецот вечерва ќе игра за Јувентус против Болоња, додека не е познато зошто Швајцарецот нема да присуствува на венчавката.

Според медиумските шпекулации на свадбата ќе биле присутни Икер Касилјас, Пау Гасол и музичката ѕвезда Енрике Иглесијас.

Scroll to Top