Top Sport

Десетина бразилски гимнастичари обвинуваат за сексуална злоупотреба

Десетина бразилски гимнастичари тврдат дека поранешниот тренер на бразилскиот национален тим, Фернандо де Карваљо Лопес сексуално ги злоупотребувал, по сличните обвинувања и пресудата против докторот на американската гимнастичка репрезентација, Лери Насар.

Во истражување на „Фантастико“ програмата на „Глобо ТВ“, тие опишаа како биле злоупотребувани, од обично допирање, до наредба да се тушираат пред него. Лопес беше отстранет од тимот пред Олимпијадата во 2016 година во Рио, откако еден родител на гимнастичар го побарал тоа.

Лопес демантира дека злоупотребувал некого и вели дека има „чиста совест“, меѓутоа неговиот гимнастички клуб во Сао Пауло, МЕСЦ го отпушти откако работеше таму над 20 години.

Само еден гимнастичар, 26-годишниот Петрикс Барбоса реши да зборува без прикриено лице во ТВ-програмата.

„Неколку пати се будев со неговата рака во моите гаќи“, открива Барбоса, поранешен шампион од Пан-американските игри, кој сега живее во САД.

Според „Глобо ТВ“, дури 42 гимнастичари имале некаква форма на злоупотреба од Лопес, воглавном на тренинг-сесиите.

Педофилот-доктор Лери Насар доби уште 175 години затвор

Scroll to Top