Top Sport

Деветгодишно дете погрешило на тренинг, па тренерот го удрил со нога (Видео)

Руските медиуми објавија дека дошле до вознемирувачка видеоснимка на која се гледа како тренет по боречки вештини со нога удира дете во главата, кој е негов ученик.

Името на тренерот кој го направи овој потег е Иван Кирилко, тој бил тренер на кудо-клуб во еден град во близина на Москва. Откако видеото стана јавно, се чини дека неговата кариера завршила, пишуваат руските медиуми.

Инцидентот се случил откако едно од две момчиња додека изведувале вежби за време на тренингот погрешило, односно детето отишло на порешна страна од теренот, и поради тоа неговиот погрешен потег предивикал бурна реакција кај тренерот, кој со нога го удри во главата.

Кудо-федерацијата на Русија веднаш по ова го суспендираше тренерот, но, како што соопштија, овој случај би можел да биде предаден на истражување и во полицијата.

Родителите на момчето не го тужат тренерот затоа што тој ветил дека ќе даде отказ, иако тоа сè уште не го сторил.

Руските медиуми, исто така, објавија дека деветгодишното момче поминало без сериозни последици и дека бил однесен во болница веднаш по ударот.

Scroll to Top