Top Sport

Димитров со епска победа во дебито на АТП финалето

Григор Димитров се осигура долгоочекуваниот прв натпревар на АТП финалето да не го заборави бргу, откако се намачи за 6:3/5:7/7:5 победата над Австриецот Доминик Тим во првиот натпревар од групата „Пит Сампрас“ во „О2 арената“ во Лондон.

По речиси цела деценија како професионалец и над 10 милиони евра освоени само од тенисот, Димитров оваа година се квалификуваше за завршниот турнир како шесторангиран на светот и покажа дека вреди да биде меѓу елитата.

22-годишниот Тим имаше големи проблеми на сервис во првиот сет, но затоа во вториот влезе во ритам и примора одлучувачки сет пред полната „О2 арена“ која доби вистинско шоу. 26-годишниот Димитров е првиот бугарски тенисер кој настапил на АТП финале.

Во вториот меч од групата, во 21 часот, светскиот рекет број 1, Рафаел Надал ќе ја тестира својата физичка подготвеност за настап против незгодниот Белгиец, Давид Гофан, кој е уште еден дебитант на завршниот турнир.

Scroll to Top