Top Sport

Димитров го победи Алкараз во Шангај

Григор Димитров го победи Карлос Алкараз со 5:7, 6:2, 6:4 и обезбеди место меѓу осумте најдобри на Мастерсот во Шангај. Бугаринот одигра одличен меч особено на сервис (10 аса) и заслужено го елиминира вториот тенисер во светот.

Играше Димитров и малку за Новак Ѓоковиќ, кој до крајот на годината ќе се бори за првото место на АТП листата токму со Алкараз.

Димитров можеше и порано да ја заврши работата, но му го подари првиот сет на Шпанецот. Поведе со брејк 5:3, но не успеа да ја заврши работата, Алкараз освои четири гема во низа и го доби сетот.

Сепак, тоа не го поколеба Бугаринот. Во вториот сет доминираше, го растури противникот и со два брејка изедначи на 1:1.

Третиот сет го реши брејкот на Димитров во третиот гем. До крајот не му даде можност на Алкараз да се врати во мечот.

За пласман во полуфиналето Димитров ќе игра против Чилеанецот Жари.

Scroll to Top