Top Sport

Димитров го „уништи“ Гофан

Григор Димитров покажа дека е во фантастична форма, откако го „демолираше“ Давид Гофан, дозволувајќи му на белгискиот противник само два гема за втора победа на АТП финалето во Лондон и пласман во полуфиналето.

Бугарскиот тенисер освои неверојатни 9 гема во низа, за на крајот да победи со 6:0/6:2, за втора победа по таа над Доминик Тим во првото коло. Гофан во првото коло го победи повредениот Рафаел Надал, кој се повлече од турнирот по тој меч.

26-годишниот Димитров, кој дебитира на завршниот елитен турнир, сега му се приклучува на Роџер Федерер во полуфиналето и би требало да игра со подобриот од мечот Александер Зверев-Џек Сок за пласман во полуфиналето.

Овој резултат исто така дава надеж за пласман и на Тим, и покрај неговиот пораз од Димитров. Ако го победи Пабло Карењо Буста во средата, тој ќе игра со Гофан во меч во кој ќе го одлучи вториот патник во полуфиналето.

26-годишниот Гофан не беше во најдобра форма и имаше повреда на коленото, така што можеби ќе се реши да се „штеди“, бидејќи неговата Белгија за две недели игра во Дејвис куп финалето против Белгија.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');