Фановите на Григор Димитров по многу години исчекување на остварување на неговиот потенцијал, можат да здивнат.
Бугарскиот тениски ас го освои најголемиот трофеј во својата кариера, турнирот порано познат како Мастерс куп, а денеска едноставно како АТП финале, откако во епска борба со 7:5/4:6/6:3 го совлада упорниот Белгиец Давид Гофан.
26-годишното момче од Хасково до неодамна беше повеќе познат по неговите врски со славни личности (Марија Шарапова, Серена Вилијамс, Никол Шерцингер), и потоа што неговиот тенис е прекрасен за гледање, но без шанси за големи трофеи и за пробив во големата четворка.
Во Лондон тој пристигна како четврт фаворит, по одличната есенска низа, и во четирите натпревари на патот до финалето покажа дека има доволно сила за да игра доминантно, а самиот Гофан го „збриша“ со 6:2/6:0 во првиот меч по групи. Овојпат, ситуацијата беше поинаква. Малиот Белгиец покажа неверојатна борбеност, постојано враќајќи се во игра кога бугарските фанови (кои беа помногубројни во „О2 арената“) мислеа дека мечот е готов.
На крајот, Димитров стигна до својата петта последователна победа за да го освои својот четврти трофеј во 2017 (најмногу во кариерата) и осми од стартот на кариерата. Тој веќе го имаше обезбедено третото место на АТП-листата со пласманот во финалето, но сега влегува во 2018 полн со самодоверба во лов на првата гренд слем титула.
„Ова дефинитивно е најдобрата недела во мојот живот. Беше прекрасно да се игра тука“, изјави Димитров.
Димитров исто така е првиот дебитант со трофеј на финалето по Шпанецот Алекс Коретча во 1998 година кога го победи сонародникот Карлос Моја. За убедливиот настап тој ќе добие фантастични 2.459.000 долари и 1.500 АТП рејтинг поени.
The moment @GrigorDimitrov became the 2017 #NittoATPFinals champion… pic.twitter.com/cLDw1i2E4o
— Tennis TV (@TennisTV) November 19, 2017
Grigor Dimitrov is the #NittoATPFinals champion!
The Bulgarian beats David Goffin 7-5 4-6 6-3 for the prestigious ?https://t.co/dhJjYUD4Tj pic.twitter.com/B9wCE1pA8h
— ATP World Tour (@ATPWorldTour) November 19, 2017