Top Sport

Димитров: На исто ниво сум со Ѓоковиќ и Надал!

Григор Димитров имаше шанси да го прекрати обидот на Новак Ѓоковиќ да го освои Мастерсот во Синсинати, кога водеше со 6:2/3:2 и беше на сервис, пред Србинот да се врати и да ги освои следните два сета со 6:3 и 6:4.

Сепак, бугарскиот тенисер вели дека верува во својата игра и дека е подготвен да се бори на голема сцена, посочувајќи дека нивото на игра е исто со Рафаел Надал и Ѓоковиќ.

„Некои работи ги направив подобро од претходните мечеви и морам да мислам на тоа. Кога ќе играм следен пат со него ќе знам дека работам добро и ќе додадам уште нешто. Тоа е како да градиш куќа, цигла по цигла. Не знам колку време ќе ми треба да го победам, но мислам дека се натпреварувам на исто ниво и дека малку ми недостасува. Не се плашам да го кажам тоа. Со кого и да сум играл во минатото, како Рафа Надал, Енди Мареј или Новак, сум на исто ниво со нив. Морам да работам да бидам на такво ниво секој меч“, објасни Димитров.

Фото: ЕПА

Scroll to Top