Светскиот рекет број 4, Бугаринот Григор Димитров нема да ја брани титулата на домашниот Софија опен следната недела откако не успеа да се опорави од повреда на рамото.
„Морав да ја направам една од најтешките одлуки, да го пропуштам домашниот турнир во Софија. По медицинските консултации стана јасно дека нема да можам да играм следната недела ако не сакам да ризикувам посериозна повреда“, вели Димитров.
Од турнирот ќе отсуствува и полуфиналистот од Австралија опен, Кореецот Хјеон Чунг, но организаторите добија добри вести дека гренд слем шампионот Стен Вавринка ќе прифати вајлд-карта на турнирот.