Најдобриот бугарски тенисер, Григор Димитров се пласираше во своето прво финале по пет години, откако се врати за 3:6/7:5/7:6(2) победа над вториот носител на Женева опен, Американецот Тејлор Фриц, прекинувајќи ја серијата од 11 порази едноподруго во полуфиналињата на АТП турнеите.
Во последниот подготвителен турнир пред Ролан Гарос, 32-годишниот Димитров успеа да остане во игра во тензичниот втор сет, пред во последниот сет да биде поконцентриран за побед по 2 часа и 52 минути. Тој ја брка првата титула од 2017, кога победи на АТП финалето. За титулата, тој ќе се судри со Чилеанецот Николас Џари, кој со 7:6(3)/6:3 го елиминираше германскиот фаворит, Александер Зверев.
„Ова беше луд меч. Презадоволен сум од начинот во кој играв под притисок и фантастично е повторно да сум во финале. Но, работата не е завршена, дојдов тука по титула“, вели Димитров.
Во финалето во Лион пак, ќе се судрат Аргентинецот Николас Серундоло и Французинот Артур Филс. Серундоло со 6:3/6:0 го „збриша“ Британецот Камерон Нори, додека Филс со 7:5/4:6/7:6(5) го доби Американецот Брендон Накашима.