Top Sport

Џад Трамп ги загуби нервите и мечот (видео)

Џад Трамп загуби во првото коло на Северна Ирска опен во Белфаст, откако беше совладан со 4:2 од светскиот број 52., Стјуарт Керингтон во меч кој заврши со бурна реакција на Англичанецот.

Трамп, кој е второрангиран на светот, загуби со 10:3 од Рони О’Саливен во финалето на Мастерсот во Шангај во саботата, губеше со 3:2 и со 52:0 кога утна црвена топка и го призна поразот со удар со палката во топките со 83 поени на масата.

За овој потег, според правилата, нему му следува казна, а дополнителни ќе ги налути организаторите бидејќи не присуствуваше на прес-конференцијата по мечот. Керингтон, кој првпат се сретна со Трамп од дуелите како тинејџери во јуниорските серии беше изненаден.

„Ја загуби главата за момент. Никогаш не сум видел такво нешто и изненаден сум што го гледам тоа од Џад. Сите бевме изненадени. Јас никогаш не сум ја загубил контролата така. Внатре можеш да вриеш, ама надвор мора да си смирен“, вели Керингтон.

Scroll to Top