Top Sport

Џејк Пол тврди дека ќе се бори со Конор!

Јутјуб ѕвездата Џејк Пол тврди дека е речиси сигурно дека наскоро ќе влезе во боксерскиот ринг со УФЦ легендата Конор Мекгрегор, откако неговиот брат Логан Пол влезе во рингот со Флојд Мејведер Јуниор во езгибициски меч кој донесе многу пари за двајцата.

Џејк Пол има 3-0 скор во професионалниот бокс, но досега влезе во рингот со уште еден Јутјубер, со поранешна НБА ѕвезда и со еден пензиониран УФЦ фајтер. Тој постојано се потсмева со Мекгрегор преку социјалните мрежи и сигурен е дека ќе го испровоцира за меч.

„Размислувам меч по меч, но работите се можни откако мојот брат боксуваше со Флојд Мејведер. Можам да влезам во рингот со кого сакам и мислам дека има 90 отсто шанси дека тоа ќе биде Конор Мекгрегор. Тоа е најголемиот меч кој Конор може да го направи. И меч во кој ќе заработи најмногу“, вели 24-годишниот Пол за „Максим“.

Сепак, тешко е да се верува дека мечот ќе се случи наскоро, откако Мекгрегор ја скрши ногата при поразот од Дастин Поаире на УФЦ 264. 33-годишниот Ирец е „суспендиран“ од УФЦ октагонот барем до јануари, но веќе објави фотографии на кои тренира.

Scroll to Top