Американскиот јутјубер Џејк Пол продолжува да го гради своето име во светот на боксот, а досегашниот скор му е 4-0.
Иако се уште немал дуел со Конор Мекгрегор, досега имале неколку судири, ама на социјалните мрежи.
Пол не се замори од измевање на екстравагантниот Ирец, но се чини дека е свесен дека нивната евентуална борба би донела многу пари на сметките. На прашањето дали е реално да се дојде до таа борба, Американецот вели:
„Многу е реално. Мислам дека таа борба ќе се случи во наредните 3-4 години. Јас сум му нему попотребен за разлика од тој мене. Тој е губитник, тој е син на пијана ку.ва кој трча наоколу со совите идиоти и прави глупости“ изјави Пол во Лас Вегас.
? Quiere pelear contra McGregor: "Es un puto perdedor, me necesita más de lo que yo lo necesitó a él" https://t.co/6ZPjbfcPqu
— MARCA (@marca) November 10, 2021
Мекгрегор планирано е да се врати во октагонот следната година и да има барем еден меч, како што налага договорот со УФЦ.
Што се однесува до Џејк Пол – него го чека дуел со Томи Фјури, младиот полубрат на Тајсон Фјури. Таа борба е закажана за 18 декември.