Џеси „Бам“ Родригез, еден од најинтересните млади боксери, ја одбрани својата ВБЦ титула во мува категорија, откако го „уништи“ Тајланѓанецот Сор Рунгвисаи со фантастичен нокаут во осмата рунда од мечот во Тексас.
За 22-годишниот Родригез (16-0, 11 КО), ова е прва одбрна на титулата која ја освои со победата над Карлос Квадрас во февруари. Во првите три рунди, Тексашанецот доминираше во мечот, пред 35-годишниот Сор Рунгвисаи да ја врати рамнотежната во рундата. Но, во подоцнежните рунди се покажа силата на Родригез, за судијата да го прекине мечот на крајот на осмата рунда, по баражот удари на Американецот.
Следен противник на Родригез може да биде Мексиканецот Хуан Франциско Естрада, кој е носител на ВБА титулата, но и ИБФ шампионот, Аргентинецот Фернандо Мартинез.
BAM RODRIGUEZ FINISHES THE FIGHT ?#RodriguezRungvisai pic.twitter.com/r9W7qJcHX2
— DAZN Boxing (@DAZNBoxing) June 26, 2022