Канадската тениска ѕвезда, Јуџини Бушар паузата од напорната тениска сезона (која повторно не помина најдобро за неа), се одмара на приватниот остров на Ричард Бренсон на Британските Девствени Острови, каде што ќе игра на Некер купот.
24-годишната атрактивна Канаѓанка објави видео на својот Инстаграм профил на кој е облечена во костум на сирена, но признава дека било тешко да се плива со додатокот.
„Не се обидувајте да пливате со опашка на сирена“, напиша Бушар.