Top Sport

Џиро: Карапаз ја „грабна“ розевата маичка (видео)

Еквадорецот Рикард Карапаз (Мовистар) е новиот лидер на Џиро Д’Италија по фантастичната победа на планинската 14. етапа на италијанската трка.

Карапаз се одвои од главната група на кратката, но супер-тешка планинска етапа од 131 километри од Сен Винсен до Курмајер за да стигне до својата втора етапна победа на трката, со речиси две минути предност од силната група која го бркаше и каде што беа очекуваните фаворити Примож Роглич (Џамбо-Висма) и Винченцо Нибали (Бахреин-Мерида).

Британецот Сајмон Јејтс (Мичелтон-Скот) имаше ретко добар ден за да заврши сам како втор со 1:32 заостанување, додека трет беше Винченцо Нибали (Бахреин Мерида) со 1:54. Карапаз сега има седум секунди предност пред Роглич во генерален пласман, пред уште една утринска етапа утре, од 232 километри од Ивреа до Комо.

Scroll to Top