Top Sport

Џон Џонс: Хабиб е ГОАТ? Не се шегувајте!

УФЦ легендата Џон Џонс ги отфрли тврдењата дека Хабиб Нурмагомедов ќе се пензионира како најдобриот на сите времиња, бидејќи 15-кратниот шампион посочува на бројките „кои не лажат“.

Русинот се пензионираше со 29-0 скор откако го издоминира Џастин Гетџи во Абу Даби во саботата, по што претседателот на УФЦ, Дејна Вајт изјави дека тој го заслужува статусот на ГОАТ (Greatest of All Time).  И Хабиб се согласи дека е најдобрите.

„Има само една работа која сакам од УФЦ, тоа е да сум број 1 без разлика на категоријата бидејќи го заслужувам тоа“, изјави Хабиб.

„Боунс“ Џонс на Твитер јасно кажа дека ова не е точно.

„15 светски титули, бројките не лажат. Сакам да му честитам на Хабиб на одличната кариера, знам дека го направи својот татко и милионите фанови горди, и Бог нека го благослови на неговиот пат.  Но, ако веќе бараме работи, можеби јас ќе го побарам појасот во тешка категорија“, вели 33-годишниот Џонс.

Џонс го има рекордот за најмногу одбрани на титулата, најмногу победи, најдолга победничка серија и најмногу победи со предавање. Тој има само еден пораз во кариерата, и тоа со дисквалификација против Мет Хамил.

„Најтажното е што УФЦ ќе го испочитува неговото барање и ќе ми ја земе титулата ГОАТ. Ќе биде навредувачки, но нема да сум изненаден, туку само мотивиран. Да си најдобар треба да го заработиш тоа, не да ти го дадат“, објаснува Џонс.

Scroll to Top