Top Sport

Џон Џонс повторно се јави против насилните протестанти

УФЦ шампионот во средно-тешка категорија повторно ја искажа својата спротиставеност кон насилните протести низ САД по смртта на Џорџ Флојд, велејќи дека има протестанти и крадци, кои не нудат ништо мирно.

Џонс, кој во октагонот е сè освен мирољубив, неодамна преку социјалните мрежи прати порака против вандалите, кои ги користат протестите во САД за грабежи, сопирајќи двајца млади луѓе со спрејови во својот град Албакерки пред неколку дена.

Сега запрашан за свое мислење за славните луѓе кои се понудија да плаќаат кауција за уапсените во протестите, тој одговори кратко.

„Гледам на тоа едноставно – има протестанти и имакрадци. Не постои ништо мирно во грабежите“, напиша Џонс на Твитер.

Вчера, пак, Џонс објави видео на Инстаграм каде што помага на локалните продавници во Албакерки со порака: „Ако сте вистински мажи, дојдете и помогнете“.

Scroll to Top