УФЦ легендата Џон „Боунс“ Џонс повторно влезе во расправија со претседателот на УФЦ, Дејна Вајт, посочувајќи дека 10 милиони долари ќе бидат премала награда за да се организира супер-меч со новиот шампион во тешка категорија, Френсис Нгану.
Нгану го нокаутираше Стипе Миочиќ во текот на викендот за веднаш потоа да го повика Џонс на меч, кој почна да зборува за парите кои треба да ги добие од Дејна Вајт за овој меч. Ова не е првпат Џонс да се жали на релативно малите пари кои ги добиваат УФЦ фајтерите во споредба со боксерите.
„Имав краток состанок преку телефон со адвокатот на УФЦ, Хантер пред неколку дена. Му кажав дека сумата од 8 до 10 милиони долари е прениска за меч од оваа големина. Тоа е единственото за што зборувавме. Сега би требало да ја чекам нивната понуда и се надевам дека нема да биде толку ниска. Знам дека фановите се возбудени за ваков меч. Работам повеќе години низ повреди, операции, со најсилните противници во кафезот за околу 2 милиони по меч. Сакам да бидам платен колку што треба“, напиша Џонс на Твитер.
Доколку Џонс биде тврдоглав, Вајт веќе го има подготвено Дерик Луис, кој беше единствениот фајтер покрај Миочиќ кој го имаше победено „кралот на нокаутите“, Нгану.