Top Sport

Џон Хигинс најавува крај на кариерата (Видео)

Четирикратниот светски првак во снукер, Џон Хигинс (43), рекол дека на крајот од сезоната ќе реши дали ќе стави крај на кариерата, објавија британските медиуми.

Хигис, по поразот од Алан Мекманус (5:6), во второто коло на Отвореното првенство на Велика Британија, рекол дека е загрижен од тоа што воопшто не бил вознемирен од поразот.

„Чувствувам дека со ваква игра се ближам кон крајот на кариерата. Морам добро да размислам што ќе правам по завршувањето на сезоната. Не сакам себеси да се гледам во ваква ситуација. Начинот на кој се чувствувам, како ги играм мечевите, знам дека со таков став нема да направам ништо. Долги ќе бидат овие шест месеци“, рекол Хигинс.

Хигинс губеше од Мекманус 1:3, потоа успеа да направи пресврт и да поведе со 5:3, но откако не успеа да направи брејк поголем од 50 поени ги загуби наредните три фрејма.

Трикратниот освојувач на Отвореното првенство на Велика Британија, рекол дека во својата 26-годишна кариера никогаш не се чувствувал толку лошо.

„Кога гледате играч каков што е Нил Робертсон на масата покрај вас како прави брејкови со три цифри, а јас се мачам да нанижам 30 поени…Мојата игра е ѓубре“, дополнил Хигинс.

Scroll to Top