Американскиот тенисер Џон Изнер влезе во необична расправија со своите фанови на социјалните мрежи, откако побара полицијата во САД да ги уапси протестантите кои се на улиците по смртта на Џорџ Флојд, опишувајќи ги како „анархистички лузери“ кои се „апсолутно патетични“.
Поранешниот гренд слем полуфиналист, познат по својата височина (2.08 метри) и по најдолгиот меч во историјата (против Никола Мау на Вимблдон во 2010, 11 часа и пет минути), беше налутен по снимките на кои полицијата во Вашингтон фрла солзавец пред црвката Св.Јован за да ги разбрка протестантите пред доаѓањето на претседателот Доналд Трамп.
„Ова е апсолутно патетично. Уапсете ги овие анархистички лузери“, напиша Изнер.
Ова наиде на лути одговори.
„Зошто си повеќе лут од ова, отколку од црните животи кои се одземаат. Ова не е за Џорџ Флојд, туку за години и години систематски расизам“, му напиша еден фан.
Светскиот рекет број 21 возврати: „Погрешно! Лут сум што овие нереди ги обесчестуваат тие луѓе кои беа жртви на оваа бруталност. Не би требало да биде толку тешко да се разбере“.
St Johns church is a 205 years old historic landmark and place of healing. This is absolutely pathetic. Arrest these anarchist losers. https://t.co/mWSFFO3QFQ
— John Isner (@JohnIsner) June 1, 2020
If liking tweets condemning rioting and looting is offensive then my bad. Of course they matter, and now more than ever. What happened in Georgia and Minnesota is a massive stain on our great country. It’s incomprehensible. I appreciate you being a fan.
— John Isner (@JohnIsner) June 1, 2020
John, have you spoken out against systemic racism and police murder… or are the “anarchists” the only people you condemn?!
— (((Lee Levine))) (@leelevine) June 1, 2020