Top Sport

Џонс се исплаши: Голема грешка е што прифатив борба со Тајсон!

На два месеци пред борбата која ја очекува боксерската јавност во светот, меѓу челичниот Мајк Тајсон и Рој Џонс Јуниор, овој вториот рече дека направил голема грешка што прифател ваков дуел. Борбата требаше да се случи овој месец, но поради пандемијата со коронавирусот, спектаклот беше одложен за 2 месеци, за да привлече што повеќе публика.

„Кога ќе дојде време за борбата, ќе се бориме. Ако треба да гризам, ќе гризам. Што мора да се случи, нека се случи. Тој и понатаму е Мајк Тајсон, и понатаму е еден од најсилните, најексплозивните луѓе кои влегле во рингот. Направив грешка што прифатив борба со него“ – рече Џонс.

Исплашениот боксерски ветеран смета:

„Имам што да понудам, тој ќе влезе јако во оваа борба, не чека огномет во првата рунда, но Мајк е личност која е најдобра во тој сегмент. Јас сум послаб од него 20-тина килограми“.

Scroll to Top