Италијанката Камила Џорџи го освои трофејот од Линц Лејдис во Австрија, совладувајќи ја Русинката Екатерина Александрова со 6:4/6:1 во финалето за втора титула во кариерата.
26-годишната Италијанка ја освои својата прва ВТА титула во Хертогенбош, Холандија во 2015, но оваа година добрата форма (играше во четврт-финалето на Вимблдон) ја круниса со победа над Александова за помалку од еден час.
Првиот сет одеше на сервис во првите седум гема, по што Џорџи направи клучен брејк за да го освои сетот. По ова во вториот сет, Италијанката немаше проблеми правејќи три брејка за импресивна победа.
Camila Giorgi seals victory over Alexandrova 6-3, 6-1!
She is the 2018 @WTALinz champion! ? pic.twitter.com/1LaEDw3B6W
— WTA (@WTA) October 14, 2018