Светскиот шампион во тешка категорија, Британецот Ентони Џошуа преку Твитер се „пофали“ дека е подготвен за одбрана на ИБФ појасот против Карлос Такам.
28-годишниот Џошуа на своите фанови им даде видео од 35 секунди подготовки за дуелот со Французинот Такам, кој е доцна замена за повредениот бугарски предизвикувач, Кубрат Пулев.
„Сега е време за семејството. Се гледаме наскоро“, напиша Џошуа.
Мечот ќе се одржи на стадионот „Принсипалити“ во Кардиф на 28 октомври, и Џошуа (19-0) е голем фаворит против Такам и букмејкерите предвидуваат нокаут во првите шест рунди.
Brb, family time. Enjoy the weekend! ?? #AJBXNG pic.twitter.com/C3D98gCVwO
— Anthony Joshua (@anthonyfjoshua) October 21, 2017