Top Sport

Џошуа ќе му го пропушти Усик на Фјури, па ќе го чека победникот?

Промотерот на Тајсон Фјури, Френк Ворен открива дека тимот на неговиот лут британски ривал, Ентони Џошуа преговара за можно „препуштање“ на мечот со Олександер Усик за обединување на титулите во тешка категорија.

Џошуа беше декласиран од Украинецот Усик во септември, губејќи ги ВБА, ИБФ и ВБО титулите на стадиоот на Тотенхем, но веднаш ја активираше клаузулата за римеч, со што беше најавено дека ќе има меч во март или април 2022. Меѓутоа, сега ситуацијата се менува и Џошуа е подготвен да го пушти Фјури, кој ја одбрани ВБЦ титулата со нокаутот над Дионтеј Вајлдер да се бори за апсолутната титула, а потоа тој би боксувал со победникот од мечот.

„Сите сакаат меч Фјури-Усик. Секој боксерски фан на светот. Гледајте што зборува Џошуа – ако добие доволно пари ќе се тргне. Ќе се обидеме Џипси кинг да ги има четирите шампионски појаси. Ако тоа не се случи, тогаш одиме на планот Б, кој е да се има борба во март против било кого“, вели Ворен.

Scroll to Top