Ентони Џошуа имаше желба да ги обедини шампионските титули во борбата со Деонтеј Вајлдер, кој го прифати предизвикот. Од двата табора најавија дека наскоро ќе започнат преговорите за овој меч кој би се одржал во текот на летото.
сепак, Светската боксерска асоцијација му наложи на Џошува да закаже меч со првиот предизвикувач на листата, во случајов тоа е Александар Певјеткин.
Исто така, на Џошува и неговиот тим им е наложено со преговорите да започнат во наредните 30 дена, а мечот мора да биде одржан најдоцна до септември годинава.