Иако спортот во Британија поради пандемијата на коронавирусот се уште се одвива зад затворени врати, сепак плановите за следниот меч на Ентони Џошуа не би требало да се пореметат.
Тој се надева дека борбата за светската титула во тешка категорија предвидена за овој декември, најверојатно во „О2“ арената во Лондон, против Кубрат Пулев, ќе има можност да се одржи пред ограничен број на публика.
Датумот кој најчесто се поврзува со борбата за титула е 12. декември.
Џошуа сериозно го сфатил предизвикот, ако може да се суди по интензитетот на неговите тренинзи: