Ентони Џошуа ја искажа својата фрустрација кон можните потенцијални противници преку социјалните мрежи, повикувајќи ги Џозеф Паркер, Дионтеј Вајлдер и Тајсон Фјури да се „средат“ и да му дадат вистински предизвик.
28-годишниот Британец, кој обично е доста штедлив на зборови и не влегува во вообичаените пресметки со зборови за боксерите, прво започна контра ВБО шампионот Паркер, со гиф од Кермит.
.@joeboxerparker Sips tea, continues to read tweets & refreshes email.. Still No Offer pic.twitter.com/micG0WdtuA
— Anthony Joshua (@anthonyfjoshua) November 9, 2017
„Џо Паркер пие чај, само чита твитови и го проверува имејлот. Уште нема понуда“, напиша Џошуа.
Следен беше Вајлдер, на кого му упати долго интервју во кое бара Американецот да се договори за меч.
„Еден збор за ‘Бронзениот бомбардер’. Подготвен и чекам понуда“, додаде Фјури.
A little word on the @BronzeBomber fight. Ready & waiting for the offer ?? https://t.co/9dt7N5MwaS
— Anthony Joshua (@anthonyfjoshua) November 9, 2017
На крајот, најсуров беше коментарот за Тајсон Фјури, поранешниот шампион, кој неодамна самиот се пофали со вишокот сало.
„И на крајот, Тајсон Фјури. Подготви се ти дебело г…“, заврши Џошуа.
& @Tyson_Fury get fit you fat fuck
— Anthony Joshua (@anthonyfjoshua) November 9, 2017
По оваа утринска „активност“ на Џошуа, неговиот промотер Еди Херн потврди дека почнале преговори за меч со ВБЦ шампионот Вајлдер.
„Може да тргне добро, може да тргне ужасно, може да биде ОК. Фановите треба да знаат дека ние сме активни. Мечот со Вајлдер ќе се случи во 2018, без сомнеж“, вели Херн.