Top Sport

Џошуа: Поветкин е најопасниот противник по Кличко

Шампионот во тешка категорија, Ентони Џошуа очекува мечот против рускиот предизвикувач Александер Поветкин во сабота да биде неговиот најтежок предизвик по Владимир Кличко, но очекува и овојпат да победи со нокаут.

28-годишниот Британец го нокаутираше Кличко на „Вембли“ во април 2017 година и олимпискиот шампион од 2012 година се враќа за својот 22. професионален меч против 39-годипниот Поветкин, чиј единствен пораз во кариерата е токму од Кличко во Москва во 2013 година.

„Очекувам сличен меч бидејќи двајцата имаме големо срце и можеме да извлечеме многу во мечевите. Двајцата покажавме дека можеме да се носиме со боксер како Кличко. Истото ќе го повториме во сабота навечер“, вели Џошуа.

Последните два меча, Џошуа ги „одработе“ на стадионот „Принсипалити“ во Кардиф, победувајќи го Карлос Такам и Џозеф Паркер.

Поветкин, очекува да биде шампион по недела по победа над фаворитот на негов терен.

„Кога боксував со Кличко, бев многу послаб и во многу полоша форма од сега. Никогаш не сакам да зборувам предвреме, така што ќе видите што мислам во рингот“, вели Поветкин.

Scroll to Top