Top Sport

Џошуа против Поветкин на 22.септември

Светскиот првак во тешка категорија, во верзиите на ВБА, ВБО и ИБФ, Ентони Џошува ќе ги браните освоените титули против Русинот Александар Поветкин.

Борбата ќе се одржи на стадионот „Вембли“, во Лондон, на 22.септември.

„Поветкин е сериозен предизвик за кој ќе морам добро да се подготвам. Има одлично педигре и бил луд доколку го потценам“, рекол Џошуа.

Последната борба, оваа година, Британецот ја имаше во април, кога во Кардиф со едногласна одлука на судиите, го победи Џозеф Паркер од Нов Зеланд и ја освои титулата во верзијата на ВБО.

Scroll to Top