Ентони Џошуа е подготвен да присуствува на свадбата меѓу британскиот принц Хери и Меган Маркл, откако официјално им се понуди да биде кум.
Џошуа и Хери беа на „гости“ кај Би-би-си Радио 4, каде што принцот беше гостин-водител, по што боксерот се пошегува дека е подготвен да биде кум.
„Се вратив на работа! Честитки за сè што се случи оваа година и без притисок со следните гости. Дали ти треба кум?“, напиша Џошуа.
Принцот Хери ќе се ожени со американската актерка Меркел на 19 мај 2018 година, додека Џошуа го очекува нов меч во првите неколку месеци од следната година.
Back to work this morning! Congrats on everything this year & no pressure on the R4 guest edit! ? P.s. Need a best man? ??♂?? pic.twitter.com/SA6VjEQqgC
— Anthony Joshua (@anthonyfjoshua) December 27, 2017